Како што беше најавено овие денови, Вардар ќе продолжи со создавање на тимот за следната сезона. На списокот на актуелниот првак за продолжување на соработката е неверојатниот Милош Валах кој ќе ги брани боите на РК Вардар и следната езона.
„На заедничко задоволство, нашиот голман Милош Валах потпиша нов договор и тој ќе биде наш член најмалку до 2028-ма година. Валах дојде од екипата на Киелце и веќе две години бележи одлични настапи со што се наметна како прв голман во екипата, и репрезентативец на својата земја.
Продолжуваме да го градиме тимот, кон нови успеси“, порачаа од Вардар.










