Реал Мадрид се подготвува да го соопшти новиот капитен во идната сезона. „Кралевите“ се на добар пат да добијат прв капитен странец после 117 години.
Најсериозен кандидат е Карим Бензема, но тука се и Лука Модриќ и Марсело, но како и да е, ќе биде странец.
Со тоа Реал ќе го добие првиот капитен странец после 117 години. Последен пат бил Федерика Ревелта од Гватемала во 1904 година.
Серхио Рамос ја носеше досега капитенската лента, а претходно носител на лентата беше Икер Касиљас. Двајцата не се повеќе дел од „кралевите“.