Сензација на Олимписките Игри во Токио. Италија е победник во штафетата на четири пати по 100 метри.
Во самиот финиш Филип Торту истрча како „Болт“ на последните 100 метри и донесе златен медал на својата земја. Направи фантастичен потег и го украде пиедесталот на Велика Британија, која заврши на второто место. Тој го престигна Нетениел Мичел-Блејк во фото-финиш.
Оваа земја беше предводена од шампионот на 100 метри Марсел Ламонд Џејкобс, Лоренцо Пата и Еселоса Десалу, како и Филип Торту.
Италија трката ја заврши со време од 37.50, бронзениот медал и припадна на Канада.
Ова е петто злато за Италија во атлетика.