Навивачите го начекаа Гризман пред стадионот, испратија бројни навреди

1050

Лионел Меси ја напушти Барселона поради финансиските проблеми со кои се соочува овој клуб. Првиот човек на каталонскиот гигант, Лапорта денеска на официјална прес-конференција објасни детално зошто аргентинскиот фудбалер си заминал.

И покрај ова навивачите пред стадионот и на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство, а како еден од главните виновници го посочија Антоан Гризман. Го начекаа пред стадионот и испратија бројни навреди.

„Меси си отиде поради тебе“, се дел од зборовите на фановите на Барса.

Гризман дојде пред две години за 120 милиони евра и плата од 25 милиони евра. Со оглед на тоа дека не покажа многу, според навивачите со неговата продажба сигурно ќе имало средства за платата на Меси.

 

ПретходноАлиоски пристигна во Саудиска Арабија: Букет цвеќе за добредојде (ФОТО)
СледноПеналите го одлучија финалето, златото за Канада!