Манчестер Ј. го испрати Туанзебе на позајмица во Астон Вила

148

Астон Вила денеска на својата официјалната веб-страница го објави трансферот на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе. 23-годишниот фудбалер доаѓа на позајмица на „Вила Парк“ во период од една сезона.

Туанзебе претходно играше на позајмица во Астон Вила во сезоната 2018/2019 година што значи дека не доаѓа во непозната средина. Минатата сезона Туанзебе одигра 9 натпревари за Манчестер Јунајтед и доби два жолти картони. Засега нема информации дека Астон Вила може да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.

ПретходноПолувреме: “Жешко“ е во Штип, “лавот“ Воша прв “тресеше“ во новата сезона…
СледноГолем удар за Клоп: Се повреди Робертсон!