Возела такси за да преживее, а денеска стана олимписка шампионка!

391

Неверојатна приказа за боксерката од Велика Британија, Лорен Прајс. Таа денеска во финалето во средно тешка категорија успеа со 5-0 да ја победи Ли Кијан и да го освои олимпиското злато.

Имено како девојче се занимавала со кикбокс, потоа се заљубила во фудбалер, и поради дечко и почнала да тренира фудбал, била и репрезентативка на Велс. По три години љубовта престанала, и таа го баталила фудбалот.

После фудбалот извесно време возела такси, само да преживее, но без спорт не можела. Се вратила во рингот, но сега како боксерка. Спорт кој на почетокот и бил само хоби. Но вредно и напорно тренирала и денеска стана олимписка шампионка.

За крај на ОИ во Токио една ваква приказна навистина вреди да се раскаже.

Секоја чест и браво за Лорен Прајс.

ПретходноКонечно се најде некој јунак да ја победи Воска Спорт!
СледноПандевци се збунија, Скендери носи водство за Струга (видео)