Конечно се најде некој јунак да ја победи Воска Спорт!

2551

Конечно се најде некој јунак да ја победи Воска Спорт ова лето на пријателските. Попладнево во Охрид, на стадионот Грашница, екипата на Воска Спорт загуби од Тетекс со 2:3.

Стрелец на двата гола за Воска Спорт беше Фета, додека за Тетекс стрелаа Иванов во два наврати и Ајдини кој на 2:2 постигна гол за победа.

Треба да се каже дека тренерот Раде Цицмиловиќ на овој меч по малку и експериментираше со составот, шанса им даде на некои играчи кои досега имаа помала минутажа. Исто така не можеше да смета ниту на неколку стандардни првотимци поради повреда.

ПретходноХрабар Тиквеш, Шкендија и со Бруно пак по старо…првакот цели 450 минути без гол!!!
СледноВозела такси за да преживее, а денеска стана олимписка шампионка!