Меси синоќа правел проштална журка, на неа биле Агуеро, Пике, Алба, Бускетс…

2823

Лео Меси синоќа во својот дом во Барселона организирал проштална вечера или забава, поточно журка, откако и дефинитивно е јасно дека тој си заминува во Париз, во ПСЖ. На денешниот прес Аргентинецот си кажа што имаше да си каже за причините зошто дојде до разделба со Барса.

Кога сме кај вечерата или забавата, на неа присуствувале и неговите најдобри пријатели од клубот. И тоа Агуеро, Пике, Алба, Бускетс.

Покрај нив во неговиот дом биле и неколку познати фаци од светот на забавата, музиката и шоу – бизнисот. Можеме само да претпоставиме во каква атмосфера се одвивала вечерата или забавата.

ПретходноОд Интер децидни: Можат да пишуваат што сакаат, Лаутаро не е на продажба
СледноВо Штип околу 2.000 гледачи го следат дербито!