Денеска точно на пладне, актуелниот шампион кој има лоша есенска полусезона, во меч од 15.коло во ПМФЛ, му гостува на Арсими. По она што се случи минатото коло кога Вардар дома беше „распарчен“ од Тиквеш со 0:3, јасно е дека денеска четата на стратегот Гроф Божовиќ, мора ама баш мора да победи. Имено Вардар денеска може да се „испере“ по онаа бламажа со Тиквеш, само со победа кај Арсими.
Целта е јасна, тоа се три бода. Јасно е дека Вардар не може да биде есенскиот шампион, но сега целта е на пауза да се замине со што помалку минус бодови за да во пролетната полусезона со една офанзива успее да се приклучи во битката за титула, секако дека Вардар не смее никако да се отпише од таа трка, се додека не биде и навистина готово.
Сепак, за да се победи Арсими не е доволна само желбата на играчите во “црвено – црно“. Неопходна е квалитетна игра, креирање и користење на шансите, Вардар треба да биде на свое, препознатливо ниво.
Уште еднаш, нема да биде лесно. На Арсими почна да му “гори“, има само 10 бодови и е претпоследен, заостанува зад Башкими 4 бодови, а Скопје почна да победува. Значи овој меч за тимот од Чегране е од екстра важност, бодовоте се неопходни.
Натпреварот се игра денеска од 12 часот на Градскиот стадион во Гостивар, а за главен судија е одреден Стојанче Стојанов.















