Ненад Лалатовиќ, еден од најпознатите тренери во Србија, кој во моментов е стратег на Нови Пазар, денеска на прес во пресрет на мечот против Црвена Звезда не го криеше своето воодушевување од македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров.
Да потсетиме дека Македонецот вчера на мечот со Гент, со фантастичен гол, во стилот на Меси му донесе реми на својот тим во Лигата на Конференции:
“Гаштаров, кој е најдобриот играч од средниот ред – го видовте кога влезе во средината на теренот… Зошто од добар играч од средниот ред правиме лош стопер? Зошто од лош десен бек правиме лош среден ред?Тоа дете е можеби најдобриот играч од средниот ред во лигата во моментов. Ако игра на таа позиција, ќе биде продаден за 20.000.000 евра. Тоа дете не е стопер, но Ријера има своја идеја – да создаде вишок со него и да ја изнесе топката, бидејќи има феноменален чекор и чувство за простор.“










