Вечерва од 20 часот на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица, во меч од првото коло во новата сезона во ПМФЛ, екипата на Струга Трим Лум и гостува на Академија Пандев. Меч во кој и двете екипи најавуваат отворена и напаѓачка игра, на гол повеќе.
Што може да се очекува од стружани на ова гостување свое видување има стоперот на Струга ТЛ, Јасмин Мециновиќ, кој во минатата сезона беше одлилчен, еден од најдобрите играчи во Лигата.
“Тие први натпревари секогаш се незгодни и тешки за играње. Значајни се зошто со нив се отвара сезоната. И за нас ова ќе биде прв и воедно тежок натпревар. Академија Пандев е ослабена во однос на минатата сезона, сепак тоа е квалитетна екипа, тука нема дилеми. Нашите цели се високи, исто како и минатата година. Ние во Струмица одиме на победа, на трите бода, како и на секој натпревар“ изјави за Спортмедиа, Јасмин Мециновиќ.















