Можеби потешко од очекувањата, сепак Работнички успеа да дојде до трите бода на стартот во новата сезона. И тоа со деби голот на Александар Ристевски, новакот во таборот на “романтичарите“. Се играше 29.минута кога тој убаво со глава шутираше во мрежата на велешани. Потоа беше работа на рутина, Борец се обидуваше да дојде барем до бод, но на крајот Работнички ги освои тие планирани три бода за одличен старт на сезоната.