Завршија петте попладневни мечеви од 1.коло во ПМФЛ. И Шкупи и Шкендија не победија.
Добар меч во Штип на дербито, каде пред 2.000 гледачи мечот заврши 0:0 меѓу Брегалница и Шкупи. Во вториот дел домашните имаа повеќе шанси, треба да се одбележат оние на Ѓокиќ и Манев по ударите со глава.
Брегалница одигра храбро, затоа и аплаузите од публиката.
Во Прилеп, Шкендија исто не успеа да слави, и тоа против Тиквеш. Бадијала поседот на топката, На Хебај му бепе поништен гол, а кавадарчани бараа пенал по стартот над Христов. И таму имаше доста публика.
Работнички очекувано дојде до трите бода и тоа со голот на Ристевски, исто и Македонија ЃП со 1:0 успеа да слави над Пелистер.
Ренова не успеа да го победи Скопје. Селмани донесе водство за “гипсарите“, но Кировски успеа да израмни за конечни 1:1.
Пеколното топло време придонесе да немаше подобар фудбал на стартот од новата сезона, и повеќе голови.
Вечерва од 20 часот во Струмица играат А.Пандев и Струга ТЛ.
РЕЗУЛТАТИ
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 0:0
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0:0
РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 1:0
(Ристевски 29./)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР 1:0
(Воша 22.)
РЕНОВА – СКОПЈЕ 1:1
(Селмани 73./Кировски 78.)
А.ПАНДЕВ – СТРУГА (20:00 Ч)















