Пред 2.000 гледачи во Прилеп на стадионот “Гоце Делчев“ Тиквеш покажа заби.И тоа како. Храбра игра на кавадарачни, имаа и шанси за победа над Шкендија, но сепак и овој бод, овие 0:0 се голем успех за момците на тренерот Пане Блажевски, кои воопшто не се исплашија од првакот.
Убаво беше попладнево да си во Прилеп, каде се потсетуваше на некои стари фудбалски времиња, сепак штета што овој меч не се одигра во Кавадарци.
Шкендија и со Бруно Акраповиќ пак си ја пее “старата песна“.
Има посед на топката, можеби доминира на теренот, но нема гол и нема гол.
Ова е петти официјален меч ова лето на кој тетовци не постигнуваат гол. Пред се тука мислиме и на мечевите во Европа.
Значи Шкендија нема дадено гол цели 450 минути!