Олимпискиот оган е изгаснат! Со тоа и официјално заврши 32. Летна олимпијада, на која учествуваа повеќе од 11.000 спортисти од целиот свет.
Македонија Игрите во Токио ќе ги памети по првиот медал по пауза од 20-тина години. Нашиот таеквондист, Дејан Георгиевски, донесе денови на среќа по освојувањето на сребрениот медал и сврстувајќи ја нашата земја меѓу 86-те земји кои од Јапонија се враќаат барем со еден освоен медал.

На свеченото затворање на Игрите останаа само дел од спортистите кои останаа до самиот крај, бидејќи според правилата делегациите кои завршуваа со настапите во рок од 48 часа мораше да ја напуштат земјата.

Свеченото затворање донесе уште една спектакуларна церемонија со многу песни, танци и огномет. Олимпиското знаме беше спуштено во Токио, а го презеде градоначалничката на Париз, Ана Идалго. Париз 2024 е следниот домаќин на најголемиот спортски фестивал на планетата.











