Еден од најдобрите и најстандардни првотимци на „црвените“, Енди Робертсон, се повреди на вчерашниот пријателски натпревар против Атлетик Билбао, по еден лизгачки старт, па сега најверојатно ќе мора на подолга пауза.
Дел од медиумите уште вчера објавија дека Робертсон има извртување на скочниот зглоб, но штетата ќе се знае денеска. Тој го напушти теренот со болна гримаса, а денеска се најавени и специјалистички прегледи по кои точно ќе се знае и периодот потребен за закрепнување.
„Болката веќе му се смири, но не можеме да кажеме ништо понатаму без дополнителна проценка утре. Мора да направи скенирање и тогаш ќе знаеме повеќе“, потврди вчера менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.