Мекиќ: Ништо не е загубено, имаме уште три средби

143

Стартниот пораз од Швајцарија ни дојде како врела шлаканица на стартот на претквалификациите. По мечот своја прва оценка за настапот даде нашиот репрезентативец Адам Мекиќ.

„Влеговме малку нервозно во мечот и многу конфузно во нападот. Почнавме добро во одбраната, но нападот не беше добар. Сето тоа доведе до голем притисок. Имавме домашен терен, но за среќа успеавме да надокнадиме поголема разлика. Ништо не е загубено, бидејќи имаме уште три средби. Покажавме во многу сегменти дека сме подобри од нив, но ни недостасуваше таа енергија и релаксираност во нападот“, вели Мекиќ.

Фото: FIBA

ПретходноБританците допингувани: Ќе останат без среброто од штафетата 4х100 метри
СледноБајиќ: Со толку промашени зицери и слободни фрлања нема победа