Британците допингувани: Ќе останат без среброто од штафетата 4х100 метри

136

Британците може да останат без среброто на штафетата 4х100 метри на Олимписките игри во Токио, бидејќи еден од спринтерите бил позитивен на недозволени супстанции.

Станува збор за Си Џеј Уџа кој имал присуство на супстанции Остарин и С-23, во крвта, кои имаат сличен ефект како анаболните стероиди. Целиот случај го презеде Меѓународната агенција за тестирање, која започна истрага. Доколку 27-годишниот спринтер биде прогласен за виновен, се очекуваат строги санкции.

Тоа веројатно ќе значи и одземање на среброто од споменатата трка.

ПретходноПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ: Македонија стартуваше со пораз, првата рунда за Швајцарија (ФОТО)
СледноМекиќ: Ништо не е загубено, имаме уште три средби