Нема мир пред дербито: „Комити“ ги посетија ракометарите на Пелистер (ВИДЕО)

160

Денеска се игра големото ракометно дерби меѓу Вардар и Пелистер, прво оваа сезона. Домаќин е актуелниот првак, а натпреварот е закажан со почеток во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Билетите се распродадени.

Во центарот на вниманието се двете навивачки групи „Комити“ и „Чкембари“, кои деновиве на социјалните мрежи си испратија по некоја порака.

Навивачите на актуелниот македонски првак синоќа одлучија да го посетат хотелот во кој се сместени ракометарите на Пелистер. Со огномет и песни се обидоа да им го нарушат сонот.

Слично сценарио видовме минатата година, кога ракометарите на Вардар гостуваа во Битола.

ПретходноКаталонска канонада за враќање на врвот