Испиша историја: Симеоне се израмни со легендарниот Луис Арагонес

59
фото: Atlético de Madrid @Atleti (X)

Диего Симеоне испишува историја во шпанскиот фудбал. Со победата на Атлетико Мадрид од 2:0 на гостувањето кај Леванте, аргентинскиот стратег стигна до 344 победи во Ла Лига и го изедначи рекордот на легендарниот Луис Арагонес.

Симеоне до ова достигнување стигна по 565 натпревари во шпанското првенство, додека на Арагонес му биле потребни 756 средби за да ја забележи истата бројка на победи. Билансот на тренерот на Атлетико во Ла Лига дополнително го сочинуваат 123 нерешени средби и 98 порази.

Аргентинецот го презеде Атлетико во декември 2011 година и оттогаш стана еден од најуспешните тренери во историјата на клубот. Во сите натпреварувања веќе има 479 победи на 813 средби на клупата на мадридскиот тим.

Со триумфот над Леванте, Атлетико стигна до 28 бода по 11 одиграни кола и го задржа првото место на табелата во Ла Лига. Следниот голем предизвик за Симеоне и неговиот тим е дуелот со Барселона, закажан за 8 ноември.

ПретходноМВР со детали за инцидентот помеѓу „Сити Парк Бојс“ и „Фемили“
СледноВајлдер прифати да боксува како загревање за спектаклот Џошуа-Фјури