ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ: Македонија стартуваше со пораз, првата рунда за Швајцарија (ФОТО)

274

Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги стартуваше претквалификациите за СК 2023, откако Швајцарија славеше со 62-67 во првото коло на турнирот кој се одржува во Скопје. Ова беше официјално деби на Драган Бајиќ на селекторското место на нашиот најдобар национален тим.

Без Војдан, Дамјан, Ѓуроски и Димитријевиќ во составот тешко игравме што пак беше очекувано. Немаше лидер да повлече, да го разбуди тимот. Голема штета бидејќи Швајцарија не покажа ништо, но успеа да дојде до првата радост.

Кошаркарите лошо влегоа во мечот, Швајцарија поведе со 2-9 по три и ипол минути игра. Со серија од осум поени во креација на Крстевски и Магдевски, кошаркарите поведоа со 10-9. Водството постојано се менуваше, по првата четвртина беше 17-22, противникот подобро се снајде во серијата на грешки.

Вториот период беше фателен, и двете репрезентации беа во очајно издание. Во хаосот на теренот подобро се снајдоа противничките кошаркари, поведоа со плус 11 (22-33) на две и пол минути до крајот на овој дел. Македонија шест минути беше без постигнати поени, вкупно во овој дел даде осум.

Швајцарија лесно поведе и со и 28-42, во нашите редови ништо не функционираше. Со серија од 6-0, Македонија се врати, конечно нешто подобро издание, ги казни грешките на противникот намали на 34-42, потоа и на 42-47.

По нецели три минути во последниот период Швајцарија успеа да дојде на двоцифрени 43-53. Со поените на Стајиќ и Николов ја вративме надежта, самодовербата…На пет минутии до крајот беше 51-55. Имавме шанса за целосен пресврт, но одбраната не беше на ниво на задачата. Ова беше повеќе од добра причина за противникот сигурно со плус 55-67 зачекори кон триумфот во 38. минута.

Вајли со 15 поени беше прв стрелец, Мекиќ запиша14 поени. Крстевски 13 поени.

Македонија вториот меч во претквалиификациите го игра во сабота против Словачка.

ПретходноУЕФА бара укинување на финансискиот фер-плеј и воведување данок на луксуз!
СледноБританците допингувани: Ќе останат без среброто од штафетата 4х100 метри