Максимов во Работнички до 2024!

431

Еден од најталентираните фудбалери на Работнички, Методи Максимов , останува во клубот од Градски парк до 2024 година. Младиот офанзивец потпиша нов договор и ќе остане во наредниот период меѓу “романтичарите“.

Секако дека спортскиот директор Горан Станковски, е задоволен од овој потег на клубот и самиот фудбалер.

Покрај ангажираноста за ангажман на нови фудбалери, ние како Работнички сме целосно фокусирани и на грижата за своите фудбалери, кои се нашето богатство. Среќни сме што потпишавме нов договор со еден од најголемите таленти во мак-фудбалот“ посочи Станковски.

И самиот Максимов не го криеше задоволството…

Чест ми е што го носам дресот на Работнички. Во овој клуб се изградив како фудбалер, што добив шанса да се искажам. Јас сум благодарен на тоа“ изјави Методи Максимов за клупската интернет страница.

ПретходноДи Марија: Роналдо веројатно сака да се “убие“ зошто не е со нас!
СледноНиколов: Поддршката од навивачите многу ќе ни значи!