По ремито против Шкупи на отворањето на сезоната во ПМФЛ, и тоа во солидна игра, Брегалница утре ќе гостува на Автокоманда, кај Скопје. Тим кој што одигра исто така реми, но против Ренова, на стартот на сезона.
Како и секогаш, и за овој меч штипските фанови пројавуваат интерес да ја следат Брегалница, но како што истакнуваат од раководството на “сините“ тие утре не ќе можат да влезат на стадионот на Автокоманда.
Причината е јасна. Поради влошената ковид ситуација во земјата, Скопје нема да пушти во продажба билети во продажба за овој меч. Него ќе можат да го гледаат само фанови на “пиратите“ кои имале сезонски билети.
Па така Брегалница утре на Автокоманда ќе остане без поддршката од своите фанови.