Ренова попладнево на Градскиот стадион во Тетово, со 2:0 успеа да го победи Борец, и со тоа да освои нови три бода. Па така “гипсарите“ по третото коло се на делба на првото место, заедно со А. Пандев и Шкупи.
Ќатип Османи се врати на клупата, болеста е минато, и секако дека беше задоволен од изданието на неговите момци.
„Секако, сите во Ренова мораме да бидеме задоволни. Нова победа, нови три бода. Три меча и освоени седум бодови. Можам да кажам дека заслужено победивме со добриот тим на Борец, им честитам на нашите играчи, но како се вели, секогаш може и подобро“ истакна за Спортмедиа стратегот на Ренова.