Вилшир никој не го сака, размислува да ја заврши кариерата

408

Своевремено еден од најталентираните фудбалери Џек Вилшир на 29. години планира да ја заврши кариерата која не оди во вистински правец. Вилшир беше иднината на Арсенал, меѓутоа неговиот развој отиде во друг правец. Чести проблеми со повреди го уназадија, а последниот клуб Борнмут му даде отказ.

Во разговор за „The Athletic“ порача дека тренира сам и дека доколку не најде клуб ќе ја заврши кариерата.

Станувам и си велам дека морам да тренирам. Си велам дека морам да најдам место каде што ќе работам. Утрината некако успевам да се мотивирам, а потоа се прашувам – зошто ова го правам. Му кажав на менаџерот дека состојбата не е добра. Знае и тој, нема понуди и веројатно ќе го чекам јануарскиот преоден рок. Па така упропастена е уште една сезона“, изјави играчот за врска.

Трчам по атлетска патека и ја одржувам некако формата. Моите деца развираат во каква ситуација сум. Арчи, кој има девет години, ме прашува зошто не играм во некоја друга лига како МЛС или Ла Лига. Тешко ми е да му објаснам, посебно кога ќе ме праша зошто никој не сака да ме земе“, открив поранешниот англиски репрезентативец.

Вилшир има 29 години освен во Арсенал, беше во Болтон и Вест Хем. За Англија има дури 34 настапи.

FOTO> Twitter

ПретходноЛШ ПЛЕЈ ОФ: Динамо Загреб сонува за реприза од август 2012 година
СледноАтлетико го потврди Куња, а Симеоне досега „потрошил“ 1 милијарда на трансфери!