Македонската кошаркарска репрезентација денеска (12 часот) ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.
Нашата селекција се најде во последниот осми шешир пред ждрепката која ќе се одржи во “куќата на кошарката Патрик Бауман“ во Мие.
Македонија дефинитивно нема да игра против Шведска, Португалија и Словачка, кои исто така се во последниот шешир, но затоа пак З противник ќе има една од селекциите на Шпанија, Србија, Словенија или Франција. Ова се репрезентации кои се најдоа во првиот шешир.
Според пропозициите пред ждрепката, останатите противниците ќе дојдат од четвртиот и петтиот шешир. Драган Бајиќ и неговите избраници би можеле да играат со Црна Гора или Хрватска, или пак со Грузија, Унгарија…
Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи од по четири екипи-учесници.
Квалификациите ќе почнат на 22 ноември. Ќе бидат поделени во две фази. Планирани се вкупно шест ФИБА „прозори“, или вкупно 12 натпревари за пласман на Светското првенство.
КВАЛИТЕТНИ ГРУПИ ПРЕД ЖДРЕПКАТА ВО МИЕ:
ШЕШИР 1: Шпанија, Француска, Словенија, Србија
ШЕШИР 2: Италија, Литванија, Грција, Германија
ШЕШИР 3: Чешка, Полска, Русија, Турција
ШЕШИР 4: Црна Гора, Летонија, Украина, Хрватска
ШЕШИР 5: Финска, Грузија, Белгија, Унгарија
ШЕШИР 6: В.Британија, Израел, БиХ, Холандија
ШЕШИР 7: Исланд, Естонија, Бугарија, Белорусија
ШЕШИР 8: Македонија, Шведска, Португалија, Словачка