Токио 2020: Оливера Наковска-Бикова влезе во финале, на крајот го освои шестото место

200

Македонската преставничка на Параолимписките игри во Токио, Оливера Наковска Бикова, успеа да се пласира во финалето во натпреварите во дисциплина воздушен пиштол 10 метри, класа СХ1.

Таа беше осма во квалификациите, а во големото финале успеа да го подобри својот пласман, па го зазеде шестото место со резултат 147,9. Златото и припадна на Иранката Јаванмарди, додека сребрена заврши Пехливанлар од Турција. Бронзениот медал во оваа дисциплина беше за Давид од Унгарија.

За нашата параолимпијка ова беше првиот настап, а во наредните денови ќе има уште два настапи во дисциплините 25 и 50 метри пиштол.

ПретходноСрбија, Хрватска и Црна Гора, можни противници на Македонија во мундијалските квалификации
СледноХрватот Влашиќ е нов фудбалер на Вест Хем