Секоја чест вечерва за репрезентативците на Португалија. Имено тие во пресрет на дуелот со Данска на стадионот во Брага, искочија на терен сите со дресови со бр.7 и тоа во чест на Кристијано Роналдо. Иконата на португалскиот фудбал, еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа игра во светот, пред две недели објави дека става крај на репрезентативната кариера.
Сега почнува нова ера во една од најсилните репрезентации во светот, а Роналдо засекогаш ќе биде на пиедесталот на најдобриот фудбалер во историјата на Португалија.
View this post on Instagram










