Досегашниот фудбалер на ЦСКА (М), Никола Влашиќ потпиша шестгодишен договор со Вест Хем. По долгите преговори, синоќа фудбалерот на рускиот тим и официјално го заокружи трансферот кај „чеканите“, објавија руските медиуми.
Хрватот беше во Лондон, каде ги мина лекарските преглед и ги потпиша сите потребни документи.
Договорот за трансфер на Влашиќ во Вест Хем е целосно затворен. ЦСКА добие 27 милиони евра за играчот за врска на хрватската репрезентација.
Влашиќ се пресели во ЦСКА во 2018 година од Евертон на позајмица, а во 2019 година Русите го откупија за 15,7 милиони евра.