Хрватот Влашиќ е нов фудбалер на Вест Хем

179

Досегашниот фудбалер на ЦСКА (М), Никола Влашиќ потпиша шестгодишен договор со Вест Хем. По долгите преговори, синоќа фудбалерот на рускиот тим и официјално го заокружи трансферот кај „чеканите“, објавија руските медиуми.

Хрватот беше во Лондон, каде ги мина лекарските преглед и ги потпиша сите потребни документи.

Договорот за трансфер на Влашиќ во Вест Хем е целосно затворен. ЦСКА добие 27 милиони евра за играчот за врска на хрватската репрезентација.

Влашиќ се пресели во ЦСКА во 2018 година од Евертон на позајмица, а во 2019 година Русите го откупија за 15,7 милиони евра.

ПретходноТокио 2020: Оливера Наковска-Бикова влезе во финале, на крајот го освои шестото место
СледноУС ОПЕН: Медведев без проблеми против Гаске, елиминација на Кирјос