Наковска-Бикова за малку не влезе во уште едно финале во Токио

177

Македонската параолимпијка на Игрите во Токио, Оливера Наковска-Бикова денеска во вториот настап во стрелаштво не успеа да обезбеди уште едно финале.

Во дисциплината 25 метри пиштол, класа СХ1, мешано, таа имаше одличен старт во натпреварите во прецизност каде со 290 круга беше второпласирана, но во втората дисциплина Рапид или брзо стрелање остана на 9. место и за само една позиција не успеа да се најде во осумте патници во финалните дуели.

Наковска-Бикова во својот прв настап на Параолимписките Игри во Токио го освои 6. место во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри, а сега за два дена и переостанува и последниот настап на 50 метри пиштол мешано.

ПретходноОбложувалниците веруваат во победа на Македонија со Ерменија!
СледноЦиципас повторно направи прекин за да оди до тоалет, па се врати и победи