Циципас повторно направи прекин за да оди до тоалет, па се врати и победи

190

Третиот носител на машкиот дел од УС Опен, Стефанос Циципас, по тешката победа против Енди Мареј на стартот продолжи во солиден ритам и го совлада Французинот Манарино со 6:3, 6:4, 6:7 (4:7), 6:0 за пласман во третото коло.

За разлика од дуелот со Мареј, финалистот на Ролан Гарос одлично го започна натпреварот. Поведе со 3:0, а потоа ја задржа предноста од еден брејк до крајот на сетот.

Речиси идентична слика имаше и во вториот сет. Најмногу драма имаше во третиот сет. Манарино успеа да му одолее на грчкиот ас и да дојде до сет во тај-брејкот. Потоа следеше вообичаената пауза за тоалет на Циципас. Отиде во соблекувалната, се врати по седум минути и потоа лесно го заврши она што го расипа во третиот сет. Негов следен ривал ќе биде младиот Шпанец Алкараз.

ПретходноНаковска-Бикова за малку не влезе во уште едно финале во Токио
СледноПотврдена суспензијата за атлетичарката која тврди дека паднала да допинг поради бурито