Барди повреден се врати во Леванте, ќе го „прескокне“ Рајо Ваљекано!?

138

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се врати Леванте по настапите за македонската репрезентација, но против Романија заработи повреда. Од Леванте стискаат палци да не е нешто сериозно. Тој ќе оди на прегледи во Валенсија за да се утврди степенот на повредата и да се види колку би паузирал, пишува шпански „Superdeporte“.

Барди се пожали на болки во бутниот мускул на мечот со Романија, но остана во игра се до финишот кога Милевски го замени. Од Леванте се надеваат дека повредата не е сериозна и дека македонскиот плејмејкер ќе го прескокне само мечот со Рајо Ваљекано во сабота.

ПретходноРоналдо: Дојдов да освојувам трофеи, во следните 3-4 години можеме да направиме нешто големо
СледноСидорова е само втората во историјата која прескокнала преку 5 метри