Карим Адејеми, фудбалерот на Лајпциг и напаѓач на германската репрезнтација, би можел да биде нова аквизиција на Борусија Дортмунд. Можеби и замена за Ерлинг Халанд кој сигурно следното лето заминува од таборот на „милионерите“.
Адејеми пред неколку дена дебитираше за Германија, на дуелот со Ерменија, и веднаш постигна гол.
Интересно е што овој фудбалер бил дел од младинските школи на Баерн Минхен, но „Баварците“ брзо се откажале од него, па оди во Унтерхакинг, а потоа во Лајпциг.
Ако го ангажира, Дортмунд во иднина би можел да го има најталентираното дуо – Адејеми и Мукоко кој што на 17 години дебитираше за селекцијата до 21 година, и постигна гол.










