Зверев ја има победничката формула за Ѓоковиќ

690

Германскиот тенисер, Александер Зверев ќе биде противник на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на УС Опен.

Пред дуелот меѓу српскиот тенисер и Матео Беретини, Германецот кој е во одлична форма го откри единтвениот „рецепт“ како може да се совлада Ноле.

„Против Новак мора да се подготвите да го одиграте најдобриот можен меч во вашата кариера, мора да бидете совршени, во спротивно нема да победите. Тешко е да се биде совршен, па затоа голем дел од играчите губат од него. Против Ноле мора да доминирате во поените, не смеете да грешите. Тој е најдобриот играч во светот и навистина е тешко да се победи“, изјави Зверев.

Останува да видиме дали ќе успее да ја примени во формула на дело и да дојде до финалето на УС Опен.

ПретходноЖестоки казни за хаосот во Ница
СледноСтартува Супер-лигата: Е.Пелистер во нов обид да го симне Вардар од тронот