Денеска во Охрид одиграа пријателски натпревар ГФК Охрид и Струга ТЛ, лидерите во ВМФЛ и ПМФЛ. Победи и тоа убедливо тимот од Струга со 1:4 и тоа со двата гола на Агамах, Воша и Радески и со тоа потврди дека лидерот во нашата елитна лига и тоа како е во одлична форма.
Секако дека ова за тренерот Бледи Шкемби беше успешна контрола во текот на оваа пауза поради репрезентацијата. Тој им даде шанса на повеќе свои играчи.
Исто така ова беше и добар тест и за охриѓани.















