Нелсон Узеир освои злато на европското во кик-бокс во Скопје

0

Македонскиот кик-боксер Нелсон Узеир и го донесе на Македонија првиот златен медал на Европското првенство во Скопје. Тој триумфираше во финалето во дисциплината лоу-кик, категорија до 86 килограми.

Узеир во борбата за европската титула го совлада српскиот репрезентативец Милош Давидовиќ и на убедлив начин се искачи на највисокото место на победничкиот подиум.

Македонскиот кикбоксер претходно до финалето стигна со две победи. Најпрво беше подобар од Ањин Алихоџиќ од Босна и Херцеговина со 2:1, а потоа го совлада и Швајцарецот Нолан Венцин.

На последниот натпреварувачки ден Македонија имаше уште двајца финалисти. Силвио Мировски во категоријата до 71 килограм освои сребро, откако загуби од Црногорецот Немања Цадленовиќ, додека Стефан Михајловски се закити со сребрен медал во кик-лајт, категорија над 94 килограми.

ПретходноМладите надежи до 17 години ја прославија и втората победа во квалификациите (ФОТО)