Градското дерби помеѓу Вардар и Алкалоид ќе го гледате на Јутуб!

0

Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра градското дерби помеѓу Вардар и Алкалоид, натпревар од десеттото коло во Суперлигата. Актуелниот македонски првак има девет победи во низа, запоседнувајќи го врвот на табелата, додека, пак, тимот од Автокоманда има осум победи и еден пораз. Избраниците на Кирил Лазаров може да се надеваат на сензација и да станат првиот тим кој успеал да ги сопре „црвено-црните“.

Вардар, поради зафатеноста на салата „Јане Сандански“, се одлучи за подобра варијанта од првичниот план (да го ограничи бројот на навивачи), па се очекува во СЦ „Борис Трајковски“ вистинска ракометна слика.

Натпреварот ќе биде директно пренесуван преку YouTube-каналот на РФМ, во отсуство на директен телевизиски пренос.

Покрај оваа средба ќе се одиграат уште три наторевари.

ПретходноСловенија доаѓа по победа во Скопје, ама без главниот стопер!