Реал Мадрид направи интересен потег и инвестираше во иднината. Новиот играч на шпанскиот гигант ќе биде 19-годишниот играч од средниот ред од Гана, Латиф Исман.
Според шпанска „Марка“, работата е веќе завршена, а Исман ќе се приклучи на „кралскиот клуб“ од 2027 година. Младиот играч од средниот ред доаѓа од Логроњес, а потпиша договор со Реал до јуни 2030 година. Планирано е кариерата да ја започне во новиот клуб во Кастиља, резервниот тим на Реал, каде што ќе има можност да се адаптира и да го продолжи својот развој. Исман ќе има шанса да се наметне кај тренерот Жозе Мурињо преку своите настапи за Кастиља и евентуално да освои место во првиот тим на еден од најголемите клубови во светот.










