Македонија – Сан Марино 1:0 во вториот меч од квалификацискиот турнир во Трабзон (Турција) за селекции до 17.години. И повторно Стефан Ристиќ е херојот кој во 58.минута успеа да ја затресе мрежата на противникот и со тоа да донесе победа за Македонија. Ова е негов четврти гол на турнирот, ако се знае дека пред три дена постигна хет-трик за пресврт победа против Унгарија.
Па така сега со шест бода, со две победи на двата досегашни меча, У-17 на Македонија и дефинитивно се пласира во втората квалификациска рунда – Лига А за пласман на ЕП 2027.
Последниот меч го играме со Турција, но за нас тоа ќе биде само ревијален дуел.
Нема што во Стефан Ристиќ, инаку актуелен член на Партизан, Македонија добива ново голгетерско чудо.
Инаку нашата репрезентација предводена од селекторот Иљами Исејни, овој меч го започна со: Петров, Исени (46. Крстевски), Масев, Акики, Павлов, Полимац (81.Мемди), Бочески, Адеми (68. Сивески), Велески, Ристиќ (81.Аксентиев), Николов (77.Неданоски).










