Познати се судиите за натпреварот меѓу Македонија и Словенија, кој ќе се одигра во понеделник, 16 ноември, со почеток во 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на шестото, последно коло од Лигата на нации.
Главен судија ќе биде Холанѓанецот Сердар Ѓозубујук. Негови сонародници ќе бидат и помошниците Патрик Иниа и Рохир Хониг, додека четврти судија е Денис Хиглер.
Во ВАР-собата ќе бидат Клеј Руперти и Мартин Фос, исто така од Холандија.
Натпреварот Македонија – Словенија е последен за двете селекции во групата Б1 од Лигата на нации, на кој нашата селекција ќе се обиде да ги освои првите бодови.










