Мирко Ивановски денеска беше промовиран како нов член на Динамо Букурешт. Согласно најавите од пред неколку дена, Ивановски имаше договор, само се чекаше да се тргне забраната за трансфери, и официјално екс македонскиот репрезентативец да стане дел од Динамо.

Ова ќе биде трет предизвик за Ивановски во Романија. Во минатото играше за Клуж и за Астра.
Тој доаѓа од тимот на Диосѓер, каде настапуваше во последните две години.










