Нов пех за Челзи: Пулишиќ повторно се повреди

750

Фудбалерот на Челзи и американски репрезентативец Кристијан Пулишиќ се здоби со нова повреда на скочниот зглоб, поради што ќе мора да паузира.

Пулишиќ го напушти теренот во 62. Минута во победата на неговата селекција над Хондурас со 4:1 на гости во квалификациите за СП.

Се уште не е познато колку долго фудбалерот ќе отсуствува од терените.

„Кристијан има мала повреда на скочниот зглоб. Ќе добиеме повеќе информации кога ќе се врати во Лондон”, изјави американскиот тренер Грег Берхалтер.

ПретходноИкер Касиљас отвори прв тренинг центар за голмани во Дубаи
СледноСрамно: Кога сите ти се смеат за теренот, а капитенот мора да се извинува! (ФОТО)