Поранешниот легендарен голман на Реал Мадрид и на шпанската фудбалска репрезентација, Икер Касиљас го отвори својот прв тренинг центар за голмани надвор од Шпанија, конкретно во Дубаи.
Проектот има за цел „да ги усоврши вештините на младите голмани од Обединетите Арапски Емирати и Блискиот Исток“, се вели во соопштението на Спортскиот совет на Дубаи.
Исто така, таму ќе се обучуваат професионалци кои работат во различни клубови од различни земји и ќе создаваат тренери за голмани.
„Отсекогаш сум сонувал да го отплатам долгот кон овој спорт што ми даде се и отсекогаш сум сакал да отворам тренинг центар за голмани“, рече Касиљас.










