Европските национални првенства се спротивставија на идејата за СП на секои две години

165

Асоцијацијата на европски професионални фудбалски лиги (ЕПФЛ) се спротивстави на идејата Светското првенство да се одржува на секои 2 години.

„Лигите силно и едногласно се спротивставија на предлогот за организација на Светското првенство на секои две години. Лигите ќе работат за да се спречат еднострани одлуки на фудбалските раководни тела. Ваквите одлуки ќе им наштетат на националните турнири кои се столбот на нашата индустрија и се од примарна важност за клубовите, играчите и навивачите низ Европа и светот.

Новите натпревари, ажурирања или проширувања на турнирите за клубови и репрезентации, како на континентално ниво, така и на глобално ниво, не се решение за тековните проблеми со оглед на веќе преоптоварениот календар.

Фудбалскиот календар дефинитивно треба да биде договорен од сите засегнати страни и може да биде само резултат на деликатна рамнотежа меѓу клупскиот фудбал и репрезентативниот фудбал, како и националниот и меѓународниот клупски фудбал“, се вели во соопштението на организацијата.

ЕПФЛ ги вклучува повеќето врвни европски лиги, како Премиер лигата, Ла Лига, Серија А, Бундеслигата, Лига 1…

ПретходноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Супер – дербито за Стојчевски, на Вардар и Воска ќе им суди Ѓоргиев од Штип!
СледноИкер Касиљас отвори прв тренинг центар за голмани во Дубаи