Денеска на само 45 години, на своето работно место како помошен тренер на Шкендија, почина Агрон Мемеди. Популарниот Гони кој беше човечка величина, некогаш важеше од играчките денови како најдобар лев бек во ПМФЛ, беше и репрезентативец. Беше дел од Шкендија, Ренова, Металург а смртта го затекна во неговата Шкендија.
Јасно е дека денеска мак-фудбалот е завиен во црно, а клубовите, Фудбалската федерација, потоа некогашните соиграчи, пријатели и обични фанови на социјалните мрежи се простуваат од Агрон Мемеди.
Гони, почивај во мир!










