Денеска и официјално стартува Супер-лигата. Пет мечеви ќе се одиграат во рамките на првото коло, кое нема да стартува комплетно. Дуелот меѓу Металург – Т.Пролет е одложен поради тоа што дел од ракометарите на гостинскиот тим завршија во самоизолација по враќањето од Шпанија. Оваа средба најверојатно ќе се одигра следната недела.
За разлика од претходните сезони, Вардар 1961 и Е.Пелистер ќе играат уште на стартот, нема повеќе привилегии, што пак е најава за дополнителни возбудувања. На патот кон одбрана на титулата стои Е.Пелистер, кој сонува да се искачи на тронот, дали ќе успее останува да видиме.
Првиот меч ќе се одигра во Битола (17 часот), силите ќе ги одмерат Е.Пелистер и Е.Пелистер 2. Еден час подоцна Вардар е домаќин на Скопје. Радовиш ќе ја пречека Струга, додека Охрид е домаќин на Тиквеш, двата меча се закажани со почеток во 18:30 часот.
Последната средба се игра во Скопје (18 часот), Бутел го пречекува Прилеп.










