Олимписките шампиони од Токио во скок со стап Арманд Дуплантис и во скок во височина Џанмарко Тамбери го „украдоа“ шоуто на финалниот турнир на Дијамантската лига во Цирих. Швеѓанецот, кој е европски шампион во сала и на отворено, постави нов рекорд на Дијамантската лига со прескокнати 6,06 метри. Потоа тој се обиде да го урне светскиот рекорд од 6,19 метри меѓутоа не успеа. Двојниот светски шампион Сем Кендрикс од САД заврши втор со прескокнати 5,93 метри, а трет заврши европскиот медалист од Берлин 2018 Тимур Моргунов.
Златниот од Токио во скок во височина Тамбери одново имаше перфектен настап и ги воодушеви фановите на трибините и пред телевизиските екрани. Италијанецот го освои трофејот со прескокнати 2,34 метри достигнати во вториот обид. Второто и третото место го освоија Андреј Проценко (2,30 метри) и Илја Иванјук.










