Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако го совлада Матео Беретини. Српскиот тенисер загуби еден сет, а потоа го реши противникот, славеше со 3-1 по сетови (7-5, 6-2, 6-2, 6-3).
Италијанецот го доби првиот сет со 7-5, по што следеше целосен пресврт, Ноле одигра сигурно и без проблем се најде во полуфиналето каде за противник ќе го има Александер Зверев.
Српскиот тенисер не само што се најде на два чекори до четвртиот гренд слем во една сезона, тој урна рекорд на Роџер Федерер. Стана играч со најмногу победи во Топ 10 листата, сега има 224 победи и 101 пораз, додека пак Федерер има 223 победи и 123 порази. Рафаел Надал има 178 победи и 99 порази.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Оже-Алиасим и Медведев.










