Ањелка во одбрана на Паје: Јас би фрлил две шишиња и копачките

276

Дисциплинската комисија на Лига 1 ги изрече казните за хаосот кој настана на дуелот меѓу Ница и Марсеј. Еден од фудбалерите кои заработи суспензија е Паје, Марсеј на него нема да смета еден натпревар.

За време на изведувањето на корнер тој беше погоден со шише во грбот, по што жестоко реагизираше, истото шише го врати на трибините меѓу навивачите, по што настана вистински хаос на теренот, дуелот беше прекинат во 74. минута.

Во негова одбрана застана легендарниот напаѓач, Николас Ањелка, кој тврди дека имал сосема нормална реакција.

„За мене неговата реакција е нормална. Да бев јас на негово место, би фрлил две шишиња и плус копачките во публика“, рече легендарниот фудбалер.

ФОТО: @dimpayet17/TWITTER
ПретходноРаботнички ги „врза“ Тодоровски и Хајдари до 2023 година
СледноНајвозрасната полуфиналистка на УС Опен има само 26 години